Рикардо имал лошо зашрафен кинетички дел во Монако

179

Даниел Рикардо во првиот дел од Големата награда на Монако пријави проблем со кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата, пријави губење на моќ од моторот по што сите се исплашија дека ќе ја заврши трката пред време.

Сепак, поради карактеристиките на патеката, Себастијан Ветел не најде доволно брзина и место за да го мине и да му ја превземе позицијата на австралијанецот.

Сите се плашеа дека секој круг може да биде последен за нас. Не знаевме што точно се случи во моторот и секој дефект можеше да оштети нешто друго и да биде крај на трката – појасни доктор Хелут Марко за германски Auto Motor und Sport.

За среќа, Рикардо успеа да победи, но иако првично се мислеше дека нема оштетување на МГУ-К делот, сепак Адриан Њуи откри дека казни во Канада ќе има.

Знаеме дека кинетичкиот дел не беше расипан, туку едноставно не беше добро монтиран и соодветно зашрафен – дополни Марко.


Рикардо имал лошо зашрафен кинетички дел во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>