Рикардо за Канада која ја обожава

75

Сеуште под импресии на одличното издание и победата во Монако, Даниел Рикардо оди на патека која ја обожава. Австралијанецот е расположен поради тоа што следува трка на која Ред Бул повторно има шанса за одличен резултат.

Сеуште ја чувствувам победата во Монако, а чувството да се мине финиш линијата на така предизвикувачка и легендарна патека како прв е неверојатно. Моето име е на листата победници и тоа е одлично чувство за најисторискта Формула 1 трка. По победата во Монако одлично е што се префрламе на уште една улична патека која ја сакам – најави Рикардо.

28-годишникот победи во Канада за Ред Бул во својата дебитатска сезона за нив, односно во 2014 година, а одтогаш најдобар пласман му е 3то место. Помош може да добие и од новиот агрегат кој Рено го најавија за Монтреал, но сеуште се размислува каде истиот да биде вграден.

Дефинитивно тоа е една од моите омилени трки во годината заради патекат и заради самиот град Монтреал. Градот е неверојатен.

Сум имал различни резултати на трката таму, но победив на мојата прва трка на патеката во 2014 година, а освоив подиум лани. Имаме новини кои ќе пристигнат, повторно ќе возиме на хиперсофт, а шасијата продолжува да биде одлична, така што изгледаме силно.

Се надевам на уште еден силен викенд и што поскоро да ги стигнеме екипите пред нас – заврши Рикардо.


Рикардо за Канада која ја обожава

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>