Рикардо: Веројатно не се разбравме

242

Даниел Рикардо од Ред Бул смета дека не се разбрале добро со екипата предку радиото, што доведе до “нефер квалификациска сесија“ како што ја окарактеризира австралијанецот. Даниел на квалификациите требаше “да го влече“ Макс Верстапен и со тоа да му помогне да направи подобар резултат и да дојде до подобра стартна позиција.

Сепак, Рикардо не беше задоволен од тоа затоа што сакаше подобар резултат и за себе во пресрет на домашната трка за Ред Бул.

Имавме три обиди и всушност го влечев во текот на сите. Не сум среќен воопшто. Можеше да биде повеќе фер – изјави Дани по крајот на квалификациите, искажувајќи го своето незадоволство од стратегијата за квалификации на тимот од Милтон Кинс.

Но, сепак по разговор со Кристијан Хорнер по крајот на квалификациите тој заклучи дека јасна стратегијата пред почеток квалификациите би било многу корисно за избегнување на вакви проблеми во иднина.

Имав разговор со Кристијан и со моите инженери. Можеби требаше претходно да се договориме.

Бев загрижен и разговарав со мојот инженер, но можеби требаше со тимот да се дискутира. Сепак додека сум во болидот се прашувам себеси дали е очигледно тоа што се случува или не.

Дајте ми можност каде мене ме влечат, а не јас да влечам некого. Сепак веројатно не сме се разбрале – со ладна глава појасни Рикардо.

Запрашан за тоа дали се чувствува разочаран од тимот тој одговори.

Тоа беше само нервозен момент и еднсотавно недоразбирање. Се е во ред – заврши Дани.


Рикардо: Веројатно не се разбравме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>