Ривалите гледаат сомничаво кон СФ71Х

1002

Ферари многу успешно и силно ја почна сезонава, но ривалите со сомнеж гледаат на СФ71Х болидот од Маранело. Италијанците победија два пати сезонава и демонстрираа константно силни перформанси на сите патеки каде се тркаа.

Неодамна Николас Томбазис од ФИА ги потсети екипите на позицијата на издувот кој не треба да влијае на задниото крило, а и на согорувањето на масло за време на квалификациите, нешто што со измена на правило е повеќе забрането. Во двата случаи се шпекулира дека веројатно причината биле Скудерија Ферари, иако италијанците изјавуваат дека имаат совршено легален болид.

ФИА го испита Ферари во Кина и ги анализираше цртежите на целиот нивни систем за масло – пренесува германски Auto Motor und Sport.

Според германците ова не помогнало затоа што ривалите сеуште се жалат на дизајнот на Ферари. Ред Бул “плаќат“ дека посебниот дизајн на ретровизорите не е во согласност со правилата, додека Мерцедес цели дека паметно дизајнираните батерии на болидот произведуваат повеќе од 4 мега-џули енергија.

Овие теми ќе ја окупираат Формула 1 во периодот кој следи. Можно е поранешниот шеф на одделот за мотори во Ферари, Лоренцо Саси, кој сега работи во Мерцедес, да почнал да издава некои тајни – објаснува Мајкл Шмит за AMScorrespondent .


Ривалите гледаат сомничаво кон СФ71Х

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>