Рено ќе одлучува кој ќе добие нов мотор

136

Рено ќе патува во Монтреал со подобрен мотор со нова спецификација, но производителот сеуште нема решено како ќе ги подели новите мотори.

Даниел Рикардо и Стофел Вандорн се пред казна по промената на елементите која ја направија досега, додека Фернандо Алонсо и возачите на фабричката екипа сеуште може да менуваат пред да добијат казна.

Имаме нова спецификација на моторот подготвен за во Канада. Сеуште треба да потврдиме кој ќе го користи затоа што моторите на 6те болиди не се со иста километража, така што ќе направиме анализа каде да ставаме нови делови.

Мислам дека ќе имаме 6 подготвени мотори кои се во последниот дел од нашиот синџир на снабдување. Планот е таков, но не сум сигурен кога е најдобро да ги поставиме во болидите, а тоа особено се однесува на Ред Бул.

Мораме добро да анализираме, секогаш работиме партнерски со екипите и се обидуваме да направиме тоа што е најдобро за нив и за сезоната – објасни Сирил Абитебул.

Французинот објасни дека новиот агрегат има мали придобивки на страната на мочноста поради подобрен мотор со внатрешно согорување.

Се работи за мали придобивки на страна на моќноста иако сеуште не знаеме дали тоа ќе биде единствената позитивна работа. Од моторот со внатрешно согорување се очекуваат најдголемите новини, тоа мора да биде фокусот и ќе биде цела година, а може и следната – заврши Сирил.


Рено ќе одлучува кој ќе добие нов мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>