Рено разочарани со квалификациите на Саинз

82

Крајот на првата квалификациска сесија на Британското Гранд При зема изненадувачка жртва, кога Карлос Саинз од Рено се најде себеси во листата на елиминирани возачи.

Ова е прв пат за шпанецот по неговото доаѓање во Рено да не успее да се пласира во К2. Трката ќе ја започне од 16то место на гридот, прв пат по Абу Даби во 2017 година кога не стартувал од топ 10.

Штета е што моите 100 проценти успешност со пласман во К3 дојдоа до крај. Но, го очекував тоа во некој момент, со толку тесна битка во средината, дека може да се случи.

За жал, направивме мали промени на сетапот во Т3 кои не функционираа. Со малку сообраќај пред мене, не успеав да се пласирам во К2. Викендов е тежок, секој детал е важен. Ќе ги анализираме податоците и ќе одлучиме која ќе биде стратегијата.

Ќе биде тешка трка, но има можност да се вратам во поени, така што одвај чекам на предизвикот – изјави Саинз.

Спортскиот директор на Рено, Алан Пармејн, призна дека се разочарани со пласманот на Саинз.

Разочарани сме за него. Ова е прв пат тој да испадне во првиот сегмент откако ни се приклучи од Австрија минатата година.

Нико го извади максимумот од болидот, но викендов беше тежок досега и не бевме премногу брзи. Тој ќе стартува од 11то место и ќе имаме некои можности. Ќе видиме што ќе може да направиме во трката преку стратегијата – изјави Пармејн.

Хулкенберг пак е задоволен со пласманот на 11то место за стартот.

Викендов не беше едноставен и не сме конкурентни. Силата на нашиот болид е подобра во бавните свиоци, а тука губиме време во брзите свиоци.

Влез во К3 беше тежок, но од 1то1 место имаме слободен избор на пневматици. Имаме флексибилност во стратегијата, што ќе биде многу корисно – изјави Хулкенберг.


Рено разочарани со квалификациите на Саинз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>