Рено размислува за Вандорн

92

Шефот на Рено, Сирил Абитебул откри дека го следи Стофел Вандорн како опција за тимот за во иднина. Доколку Даниел Рикардо навистина замине од Милтон Кинс, логично е неговото место во екипата да го пополни Карлос Саинз по што во Енстон би останале со “куси ракави“.

Од друга страна, иднината на Стофел Вандорн во Мекларен не е безбедна со оглед на тоа што редовно е победуван од Фернандо Алонсо.

НЕ велите дека Стофел ќе дојде во Рено затоа што тоа не е случај. Но, секако дека тоа е возач кој го следиме додека размислуваме за можните опции.

Мислам дека тој се наоѓа во тешка ситуација, не ги знам позитивните и негативните работи, но понекогаш промена на околината му дава на возачот воздух за дишење по што тој ќе се врати.

Тој беше силен, брз, талентиран и константен низ пониските категории и нема апсолутно никаква причина тоа да исчезне. Но, кога го имате Фернандо крај себе станува комплицирано особено со условите во кои беа Мекларен минатите години.

Тој е многу добар возач на кој мислиме за во иднина во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата – објасни Абитебул за француски La Derniere Heure.

Мекларен има опција над двајцата свои актуелни возачи и за следната година.


Рено размислува за Вандорн

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>