126

По само 5 трки сезонава, Рено размислува дали да го промени фокусот на болидот за следната година. Французите напорно работат и напредуваат со цел да предизвикаат за титула до 2020 година како што беше нивниот првичен план.

Во моментов тие се на 4то место во поредокот, како најдобри од останатите, но техничкиот шеф Боб Бел, најави дека ќе почнат да префрлуваат ресурси кон следниот болид.

Во моментов разговараме дали треба да го намалиме развојот на годинешниот болид. Сеуште не сме одлучиле затоа што борбата е многу жестока и блиска за најдоброто место од средината и не смееме да заостанеме. Но, мораме да мислиме и на следната сезона.

Рено беа едни од оние кои гласаа за новите аеродинамички промени за следната година, така што тоа е добра причина за Бел да почнат со развој.


Рено размислува да го прекине годинешниот развој

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>