Рено веруваат дека го решиле подуправувањето

91

Техничкиот директор на Рено, Ник Честер, верува дека екипата го поправила проблемот со надуправувањето кој им штетел на перформансите во првиот дел оваа сезона. Нико Хулкенберг и Карлос Саинз имаа поголемо подуправување во брзите, летечки кривини.

Во моментов французите се “најдобри од останатите“ со своето 4то место кај конструкторите, а Честер се надева дека поправање на овој проблем ќе им го “бетонира“ тоа место.

Се мачевме по малку во брзите кривини со подуправувањето, а во Барселона тој проблем беше доста голем. Знаевме дека проблемот ќе станува поголем и нема да се реши самиот и поради тоа донеосвме некои новини кои ќе ги имплементираме во остатокот од сезоната. Имаме јасна идеја околу решавање на проблемот, но ги чекаме соодветните делови кои ќе ни помогнат. Се надеваме дека околу трката во Монтрал се ќе биде решено – изјави Честер.

Со неколкуте летечки кривини кои ги има во конфигурацијата на Жил Вилнев, ова секако ќе претставува добивка за Рено.


Рено веруваат дека го решиле подуправувањето

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>