Резултатите вродија со плод, Хаас доби спонзор

309

Американската компанија Олд Ворлд Индустрис (Old World Industries) ќе биде спонзор на екипата на Хаас почнувајќи од Големата награда на Велика Британија. Производите на компанијата односно ПИК антифризот (PEAK Coolant & Antifreeze) како и БлуДЕФ течноста за издувниот систем (BlueDEF Diesel Exhaust Fluid and Equipment) ќе бидат напишани на носот на ВФ18 болидот возен од Роман Гросжан и Кевин Магнусен до крајот на оваа тркачка сезона.

Договорот го проширува ионака агресивното моторспорт портфолио на компанијата со водечките автомобилски брендови во американските тркачки серии како Наскар и НХРА.

Олд Ворлд Индустрис е лидер во развојот и дистрибуција на високо квалитетни автомобилски производи повеќе од 4 децетнии. ИСто толку време нивниот бренд Пик е активен во моторспортот како дел од партнерство со тркачки легенди како Дејл Ернхард и Џон Форс до спонзорство на цели интернационални серии како Наскар Пик Мексико.

Олд Ворлд Индустрис е една од најголемите приватни компании на пазарот за автомобилски средства. Компанијата од Нортбрук, Илиноис е присутна на пазадрите на над 50 земји.


Резултатите вродија со плод, Хаас доби спонзор

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>