Ред Бул ќе анализира мотори во Канада

155

Ред Бул следната недела во Монтреал ќе споредува перформанси помеѓу моторите на Рено и на Хонда со цел да може да донесе одлука околу својот доставувач на мотори за 2019 година. Сирил Абитебул неколку пати апелираше тимот од Милтон Кинс што поскоро да донесе одлука околу моторот, а нетрпеливи почнаа да стануваат и од Хонда.

Ќе донесеме одлука за околу еден месец, крајот на Јуни или почетокот на Јули. Тоа е временската рамка која ја поставивме од почетокот и ќе се држиме за неа. Сакаме да ги споредиме двата мотори во Канада.

Ние ќе имаме мали подобрувања на следната трка и ќе се обидеме да извадиме максимум од нив – смета Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул.

Рено дефинитивно го намали заостатокот зад Мерцедес и ФЕрари сезонава иако квалификациските перформанси се нешто во што тој мотор заостанува зад конкуренцијата. Хорнер смета дека тоа е единствената работа за тие на секоја трка да предизвикуваат за победа.

Ако не се лажам на последните 6 трки најбрзите кругови беа наши. Ако имаме повеќе моќ во последниот квалификациски сегмент ништо нема да не сопре од борба со Мерцедес и Ферари на секоја трка.


Ред Бул ќе анализира мотори во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>