Ред Бул и Хонда официјално почнаа преговори

312

Ред Бул и Хонда официјално почнаа преговори за потенцијално снабдување со мотори од следната година.  Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт во Ред Бул, се сретнал со Масаши Јамамото од Хонда во Саботата во Баку со што е остварена прват официјална средба помеѓу компаниите. Официјалниот краен рок за пријавување на моторот од страна на тимовите е 15 Мај.

По очајните три години минати со Мекларен, Хонда од оваа година има ново партнерство со Торо Росо, а комбинацијата стигна до 4то место уште на втората заедничка трка во Бахреин постигнато од французинот Пјер Гасли.

Медиумите пренесуваат дека Ред Бул се импресионирани од напредокот во перформанси и издржливоста кај Хонда во годината кога истекува нивниот договор со Рено.

Тоа беше прв состанок, разговаравме за условите на двете страни како и што да очекуваме едни од други. Се работи само за првични дискусии кои минаа позитивно, верувам на задоволство на двете страни Помеѓу нас постои добар однос.

Сепак, ова беше само прв официјален состанок и првичен контакт за потенцијална идна соработка – откри Јамамото.

На две недели пред крајниот рок за пријавување на снабдувачи со мотори, Јамамото дополни дека разговараното ќе го пренесе до Бордот на Хонда пред да биде договорено нешто конкретно со екипата.

Сакам да го искористам останатото време за усогласување со Бордот на Хонда пред да пренесам на Ред Бул и да продолжиме понатаму. Кога се одлучивме да се враќаме во Формула 1 планот не беше да снабдуваме само една екипа. Членовите на нашиот Борд се свесни за дискусиите и постои огромно разбирање и соработка.

Договорот за соработка на Хонда и Торо Росо трае минимум до крајот на 2020 година, а се верува дека и Ред Бул сака исти договор.


Ред Бул и Хонда официјално почнаа преговори

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>