Ред Бул жртви на лудата брзина на Ферари

889

Кристијан Хорнер откри дека неговата екипа била жртва на “нездравата“’ брзина која болидите на Ферари ја имале како своја предност во однос на Ред Бул на Силверстон. Макс Верстапен многу се трудеше, но не успеа да го задржи Кими Раиконен зад себе во последната фаза од трката. На средина од трката, Кими без потешкотии го мина и Даниел Рикардо.

Бевме претерано изложени на нивната брзина како при бранење така и при напад. Може да видите при рестартот со Кими, беше како во Мексико во 2015 година во однос на предноста во моќ која ја имаше.

Ние возевме со квалификациски мод при рестартот против Кими, а разликата беше евидентна. Видовте колку Макс се трудеше да го задржи Кими зад себе, но неговата брзина при рестартот беше нездрава.

При вториот рестарт имаше момент на невнимание на Стоув, а веќе на 2от и 3от свиок беше залепен зад Макс.

За жал на Даниел, тој не можеше доволно силно да го нападне Валтери иако имаше многу подобар грип и перформанси од него. Дури и со ДРС не можеше соодветно да се приближи до него – анализира тимскиот шеф на Ред Бул.

Хорнер смета дека минувањето со полна гас низ летечките кривини на Силверстон дополнително го потенцира дефицитот кој Рено го има во однос на конкурентите што ги приморале Ред Бул да направат компромиси при сетапот.

Проблемот со денешниот Силверстон е што стана многу отворена патека кој се минува со полна гас 82% од круго на квалификациите. Кривините како Копс, Бекетс и Стоув, не се предизвик во овие болиди затоа што се прелетуваат со “гас до даска“.

ПАтеката се повеќе зависи од моќта на моторот затоа што при излезот од кривините ви треба моќ за да ве повлече и ве извади на правецот. Тогаш моќта е битна.

Гледаме повторно и повторно, кривината 3 во Барселона, кривината 3 во Сочи, кривината 7 во Австрија, тоа се нашите познати проблеми.

Ако ги видите задните крила на болидит, ние во Силверстон се тркавме со ниво кое се користи на Спа, а сите имаа малку повеќе поткренато задно крило. На квалификации мислам дека сите можни кривини ги минувавме побрзо од Себастијан Ветел, но на правците тој беше недофатлив.


Ред Бул жртви на лудата брзина на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>