Ред Бул ги надгледува надградбите на моторот

135

Ред Бул нема да брзаат со носење одлука за нов снабдувач на мотори и ќе почека да види што ќе донесат Рено и Хонда во Канада. Двата производители на мотори ќе ги претстават своите најголеми надградби на трката во Канада. Доколку нема некоја драстична разлика Ред Бул ќе треба да се реши дали останува со Рено или ќе премине на Хонда.

Се надевам во Монтреал ќе имаме претставување на нов мотор. Се надеваме на зголемување на перформансите. Двата производители најавуваат и останува да видиме – изјави тимскиот шеф, Кристијан Хорнер.

Во меѓувреме Сирил Абитебул од Рено изјави дека тимот нема да му даде Ред Бул рок но се надева дека побрзо ќе донесат одлука.

Не може да се одложува до недоглед. Нема да ставиме рок бидејќи тоа не е наш стил. Но мора да се побрза поради промени на правилата. Доколку Ред Бул сака наши мотори ќе треба да ни каже.

Тимовите треба да решат со кого ќе продолжат до 15 Мај кога ФИА треба да се извести за новостите. Рено ќе разговараат со Ред Бул во Монако и според Абитебул доколку нема да бараат замена за Ред Бул.

Ако нема договор остануваме со Рено и Мекларен. Нема потреба да снабдуваме три тимови.


Ред Бул ги надгледува надградбите на моторот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>