Раиконен: Прерано е за тимски наредби

267

Кими Раиконен потенцираше дека сеуште е рано во сезоната за Ферари да размислува околу користење на тимски наредби. Себастијан Ветел има водечка улога во Ферари откако се приклучи на екипата во 2015 година покрај Раиконен и ги има освоено сите 11 победии за екипата во тој период.

Раиконен ја задржа својата позиција пред Ветел во завршницата на трката во Австрија позади победникот Макс Верстапен, а тој и Ветел се пласираа на второ, односно трето место. Раиконен кратко и јасно одговори дека не е изненаден од тоа што ја задржал својата позиција.

Не. Секогаш сме велеле дека имаме јасни правила и според нив функционираме од кога јас сум во екипата.

Знаеме дека тоа ќе се случи и кога, а доколку се случи тоа ќе биде нормална ситуација за нас. Само вие новинарите правите голема работа од сето ова. Во одреден момент тимски наредби ќе се случат и тоа е повеќе од фер, но моментално е прерано за тоа – изјави Кими.

Раиконен моментално е на трета позиција во пласмано, 45 поени позади тимскиот колега и нов лидер во првенството, Ветел.


Раиконен: Прерано е за тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>