Раиконен: Грешката ми ја уништи шансата

605

Кими Раиконен беше прилично брз во квалификациската сесија за Канадското Гранд При, но изгуби шанса да му се приклучи на својот тимски колега во првиот ред по грешка при излезот од свиокот број 2 во последниот свој летечки круг.

Очигледно, тоа го означи крајот. Не знам што се случи, наеднаш имав многу подуправување при влезот во свиокот 2. Немав избор освен да излезам што побргу од него. Потоа се најдов надвор од тркачката линија и не можев да се вратам. Штета е, но што можам да направам? – изјави Кими.

Раиконен ќе ја започне трката од 5то место, покрај Даниел Рикардо од Ред Бул. Раиконен ќе ги користи ултрасофт пневматиците, додека Рикардо ќе стартува со хиперсофт. Тоа ќе му даде првична предност на австралијанецот до првиот свиок.

Но, Раиконен не е убеден дека тоа ќе биде случајот и смета дека Ферари сеуште може да се оддели од ривалите кога ќе згаснат светлата на семафорот.

Малку е комплицирано. Очигледно немаме целосна слика. Ќе дознаеме во трката. Но болидот функционира добро – додаде Раиконен.


Раиконен: Грешката ми ја уништи шансата

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>