Раиконен: Грешката во свиокот Клуб ме чинеше пол позиција

442

Кими Раиконен смета дека грешката која ја направи во текот на запирањето пред кривината Клуб во својот последен К3 круг му го уништило обидот за пол позиција денеска. Финецот во текот на целите квалификации беше при врвот, имаше добар прв круг, кој го подобри во својот последен обид и од 4то напредуваше на 3то место минувајќи го својот земјак Ботас.

Имав се што ми треба денеска да бидам побрз, но “зезнав“ при кочење пред 16та кривина во мојот последен обид. Секако дека тоа ми загуби време за да бидам на самиот врв на сесијата. Сигурен сум дека имаше места каде можев да надоместам време, но тоа не се случи денеска. Сепак, 3то место на стартот не е лошо – смета Раиконен.

Ферари последен пат има победа на Силверстон во 2011 година.

Невозможно е да се каже како ќе биде утре. Денеска беше многу блиску, а патеката не дава многу можности за претекнување. Ќе бидиме што можеме, но нема зошто да не се надваме на победа.


Раиконен: Грешката во свиокот Клуб ме чинеше пол позиција

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>