Прост смета дека Ферари може до титула

221

Согласно досега покажаните перформанси на патеката од страна на Ферари, Формула 1 легендата Алан Прост смета дека титулата може да се врати во Маранело.  СФ71Х е единствен болид со две победи сезонава и покажува најконстантни перформанси на патеката.

Погрешив лани кога реков дека секогаш кога има промени во правилата Ферари грешат. Зимоска Мерцедес и Ред Бул изгледаа подобро, но се виде дека Ферари се најдобри на квалификациите и најдобри во менаџирањето на гумите. Исто така, Раиконен е на ниво на Ветел што е од огромна помош за екипата. Семтам дека Ферари може да освои титула годинава – анализира Прост.

Французинот смета дека напредокот кај моторот е главен за одличнит ерезултати на екипата годинава.

Мислам дека моторот им напредува многу повеќе од шасијата. Шесте возачи од топ 3 екипите може да се борат за титула, а тешко е за Хамилтон затоа што е навикнат да се бори само против еден возач, а сега ќе треба да менаџира со трките исто како и останатите. Сигурен сум дека ќе биде многу интересно – заврши Алан.


Прост смета дека Ферари може до титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>