Прегреани фелни му се виновни на Строл

142

Екипата на Вилијамс вината за пукнатиот пневматик на Ленс Строл во Монако ја посочи кон прегреана фелна, предизвикана од презагревање на сопирачките.

Вилијамс имаа уште една ужасна трка, откако и Ленс Строл и Сергеј Сироткин имаа повеќе проблеми кои ги спречија од освојување на поени. Строл ја започна трката од 17то место, но имаше две пуккнатини во трката и на крајот заврши како последен, со два круга заостанување.

Сироткин пак, имаше казна од 10 секунди во бокс, откако пневматиците на неговиот болид не беа поставени навремено пред стартот на трката и заврши на 16то место.

Ленс имаше пукнатина во деветиот круг поради презагревање на сопирачките, кои ја загреаја фелната и доведоа до проблемите.

Не успеавме да го контролираме проблемот со вториот сет на пневматици и имаше уште една пукнатина. До крајот успеавме да најдеме решение, но со толку влегувања во бокс и сини знамиња, Ленс не беше во можност да напредува.

Кај Сергеј, имавме проблеми со поставување на тркалата на гридот и успеавме да го сториме истото пред рокот од 3 минути до старт. Неговата трка беше уништена. Тој го помина попладнето соочен со сини знамиња. Се одлучивме за стратегија од 2 влегувања.

Тој барем успеа да извози брзи кругови – гласи изјавата од Вилијамс.

Екипата на Вилијамс е на последната позиција во генералниот пласман, со само 4 освоени поени.


Прегреани фелни му се виновни на Строл

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>