Преговорите на Рикардо напреднале по состанок со Матешич

254

Даниел Рикардо и сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешич, имале еден-на-еден состанок позади затворени врати на патеката Ред Бул Ринг, а австралијанецот излегол од истиот со неговата препознатлива насмевка.

Рикардо сеуште ја одлучува својата иднина, а неговиот моментален договор со Ред Бул истекува на крајот на оваа сезона. Иако според шпекулациите тој е поврзан со Ферари, Мерцедес и Мекларен, сепак најверојатно тој ќе остане во Милтон Кинс, негов единствен реален избор.

Даниел имаше тешка трка во Австрија, се откажа од истата во 53от круг, додека неговиот тимски колега, Макс Верстапен, стигна до импресивна победа која пак најверојатно им помогна на Ред Бул да го убедат Рикардо да остане и во 2019 година.

Прашањето од 20 милиони долари е по која цена? А тоа најверојатно било во центарот на вниманието за време на состанокот помеѓу Рикардо и Матешиц.

Разговарав со главниот, кој го обожавам. Штета е што не го води тимот сам, бидејќи со него се е полесно. Сеуште има некои работи кои мора да се завршат. Ќе видиме како ќе се одвиваат нештата – изјави Рикардо за италијанскиот Corriere dello Sport.


Преговорите на Рикардо напреднале по состанок со Матешич

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>