По излетувањето, Ериксон сака промени во ДРС

122

По излетувањето во ограда кое го имаше за време на Британското Гранд При, Маркус Ериксон сака Алфа Ромео Заубер да го промени начинот на кој нивниот ДРС систем работи. Швеѓанецот загуби контрола на својот болид на првата кривина, поточно не го затвори неговиот ДРС на време по што се изврте и заврши во заштитните бариери.

Кога се тркате и имате ДРС зона сакате да се обидете да го затворите системот колку што може подоцна, а да го отворите системот колку што може порано за да имате колку што може поголем брзина.

По инцидентот не бев сигурен дали откажа нешто или не, но ги проверивме податоците и изгледа дека не сум го притиснал копчето за затварање. Нерамно е на таа кривина, болидот вибрира, а копчето е мало позади воланот и по се изгледа ми се лизнало.

Сметавме дека е возможно да минеме со отворен ДРС и се обидов да го направам тоа, но очигледно не успеавме – објасни Маркус.

Ериксон веќе побарал од тимот да му ги промани командите на воланот за да избегне вакви ситуации во иднина.


По излетувањето, Ериксон сака промени во ДРС

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>