Поради проблеми, Мерцедес не носи нови мотори во Канада

314

Иако најавија дека по извозена 1/3 од сезоната ќе донесат нов мотор за фабричката екипа и своите муштерии, сепак “сребрените“ нема да го направат тоа. Проблем со квалитетот на некој компонента кој се појавил во последен момент е причина за промена на планот.

Нов и свеж мотор секако дека ќе беше од огромна помош низ долгите правци на Жил Вилнев, а многу ќе му помогнеше и на Луис Хамилтон да стигне до својата победа која ќе значи изедначување со Михаел Шумахер по бројот на “канадски“ победи. Планот е тековната спецификација пвторно да се користи  за Големата награда на Унгарија, автодром на кој моторот не е од клучно влијание.

Иако се надевавме да ја донесеме нашата втора спецификација на моторот претстојниот викенд, проблеми со квалитетот значеа дека тоа мора да се одложи за една трка. Сите болиди со мотор на Мерцедес ќе ја користат првата спецификација викендов – изјави портпароло на Формула 1 екипата.

Рено уште минатата недела најави дека ќе донесат нова спецификација, ќе има мотори за сите 6 болиди, но сеуште не објавија кои возачи ќе добијат нов мотор поради тоа што некои од нив веќе имаат направено предвремена промена. Хонда исто така најави доста помоќен мотор за Гасли и Хартли во Канада, а Скудерија Ферари сеуште нема официјално соопштени, иако се очекува и тие да донесат нова спецификација.


Поради проблеми, Мерцедес не носи нови мотори во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>