Подиумот на Чеко под знак прашалник

1415

Серхио Перез и Форс Индија може да го загубат подиум пласманот откако стјуардите на трката го пријавиле мексиканецот за прекршување на правилата за користење ДРС. Чеко заврши на 3то место откако по рестартот успеа да го мине Себастијан Ветел во претпоследниот круг и не му дозволи на германецот да ја повртати загубената позиција.

Седмиот подиум во кариерата на Перез беше 2ри во Баку, но постои ризик да го загуби откако се утврдило дека на два пати нелегално го користел ДРСот, прв пат во 16.53, а втор пат две минути подоцна, односно околу средниот дел на трката.

Под слична истрага се и Ленс Строл и Кевин Магнусен, но тие може да не бидат казнети поради тоа што во тие моменти не функционираше системот на ФИА и ДРС мораше мануелно да биде активиран.

Перез на трката имаше и казна од 5 секунди поради претекнување за време на Безбедносно возило, откако беше нетрпелив при првиот рестарт. Таа казна ја “одлежа“ за време на менувањето на гумите.


Подиумот на Чеко под знак прашалник

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>