Повторно казна, овој пат нов МГУ-К за Верстапен

292

Ред Бул ќе го заменат кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата во агрегатот на Макс Верстапен пред трката во Монако и со тоа сакаат да ја искористат предноста што ионака стартуваат од последната позиција.

Верстапен беше втор најбрз на последниот тренинг, но заврши во бариерите пред крајот на Т3 сесијата. Екипата се обиде да го поправи неговиот болид за квалфикациите, но поради истекување на масло од менувачот се одлучи да не учествува на квалификациите и со тоа ќе стартува последен, а згора доби и нов менувач и казна од 5 позиции.

Верстапен ги има искоритено двете дозволени МГУ-К единици и во моментов ќе користи трет кинетички дел за кој следува казна од 10 места на гридот што нема да му направат разлика бидејќи е последен.

Ова е прв пат оваа сезона некој возач да го искористи дозволениот број на делови на моторот.


Повторно казна, овој пат нов МГУ-К за Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>