Пирели најавува прв вистински тест за хиперсофт

93

Од Пирели сметаат дека Канадското Гранд При ќе биде прв вистински тест за најмеката хиперсофт компонента откако гумата не беше подложена на некој голем напор низ улиците на Монако. Италијанците ја проширија гамата оваа сезона со една најмека и една најтврда компонента откако и останатите компоненти се чекор помеки од лани.

Трајноста на хиперсофт е непознаница викендов, а во Пирели веруваат дека истата ќе донесе многу стратегии во пресрет и на самата трка. Во Монако Пјер Гасли успеа да комплетира 37 кругови, нешто што е невозможно во Монтреал.

Монако беше прво појавување за новиот хиперсофт, но Монтреал го сметаме за прво вистинско деби на таа гума затоа што Монако е целосно некарактеристична трка. Патеката во Монтреал е многу мазна, но сепак треба да бидиме повеќе од едно застанување за промена на гуми поради мекоста на компонантите кои ги донесовме во Канада и поради тоа што самата конфигурација бара многу повеќе од Монте Карло.

Во минатото имавме многу различни стратегии во Канада, а пристигнувањето на хиперсофт ќе го зголеми и прошири тоа. Во реалноста никој не знае како новата компонента ќе се однесува на престојната трка во однос на абењето и деградацијата така што во текот на тренинг сесиите тимовите ќе имаат работа која ќе бидек клучна за остатокот од викендот – објасни Марио Исола

Освен најмекиот хиперсофт, во Канада ќе се вози и со ултрасофт и суперсофт.


Пирели најавува прв вистински тест за хиперсофт

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>