Пирели изненадени од проблемите во Австрија

341

Пирели велат дека распаѓањето на пневматиците кое што влијаеше над многу возачи во Австрија е големо изненадување, иако истото беше проблем на Ред Бул Ринг и во минатото.

Проблемот не беше тема на дискусија на почетокот на викендот, но повисоката температура во Недела ги доведе пневматиците над нивниот лимит, особено софт компонентата.

Луис Хамилтон и Даниел Рикардо обајцата имаа непланирани влегувања во бокс, додека победникот Макс Верстапен успешно се снајде со ситуацијата, исто како и возачите на Ферари.

Шефот на Пирели, Марио Исола, инсистира дека распаѓањето е прифатлив дел од играта, но признава дека не треба да биде толку екстремно.

На оваа патека и минатата година имавме распаѓање, така што го земаме тоа во предвид. Распаѓањето и излитувањето се два ефекта кои се познати на сите екипи и тие знаат да ги менаџираат.

Очигледно дека не посакуваме таква ситуација, бидејќи ја попречува трката. Возачите едноставно треба да ги менаџираат, но не и кога е преголемо и влијае над резултатот во трката.

Може да имаме распаѓање и во Монца кога е многу жешко, особено на предните, а дополниелно има и многу сопирање.  Тоа се патеки на кои што може да се искуси овој проблем. Од друга страна не сакаме пневматиците да бидат премногу тврди.

Во Недела имаше целосно поинакви услови од Петок. Многу пожешко, толку поразлично, тешко беше да се прогнозира ситуацијата. Во тренингот никогаш не возите толку долго колку во трката.

Во Петок и Сабота главен проблем беше излитувањето на ултрасофт, а не распаѓање. Излитувањето беше поврзано со сетапот, некои болиди го имаа тоа на предните тркала, други на задните.

Слична ситуација беше и со распаѓањето, кај некои беше на предните, кај некои на задните пневматици, така што и тоа е најверојатно поради сетапот. Распаѓањето на софт пневматиците беше поради температурата – изјави Исола.


Пирели изненадени од проблемите во Австрија

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>