Перез смета дека тимот прави премногу компромиси

45

Мексиканскиот возач на Форс Индија, Серхио Перез, веруува дека екипата прави премногу компромиси со својот овогодишен болид. Тимот две години по ред е најдобар од останатите, а важи за екипа со најдобар однос помеѓу потрошени пари и освоени поени.

Чеко откри дека екипата се мачи со аеродинамичките перформанси, најмногу поради компромисите кои ги прави со сетирањето на болидот.

Проблем е потисната сила за да можеме подобро да го балансираме нашиот болид. Се мачиме со потисната сила и поради тоа мораме да направиме компромиси со балансот на болидот.

Ако ја поглднете Барселона или некоја друга трка, сеуште ни недостасуваат перформанси. Ќе биде интересно да се види како ќе се покажеме во Монако.

Навистина е блиску помеѓу нас, Хаас, Рено и Мекларен. Ако направиме придобивка на некоја патека, тоа веднаш се отсликува на крајниот резултат.

Бараме мали придобивки. Сеуште мислам дека во моментов сме назад во таа група од средината – смета Перез.


Перез смета дека тимот прави премногу компромиси

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>