Перез сака продолување со добрите резултати

36

Серхио Перез од Форс Индија смета дека претекнувањето по автодромот крај Барселона ќе биде вистински предизвик престојниот викенд за разлика од Баку каде тоа беше многу полесно. Мексиканецот ги изненади сите со подиумот освоен низ улиците на Баку, профитирајќи од несреќата на Валтери Ботас на три кругови пред крајот. Подиумот беше прв за Чеко по Големата награда на Европа исто така возена низ Баку пред две години.

Воедно, тоа беа и први поени за Перез сезонава откако тимот од Силверстон се мачеше на првите три трки од сезоната.

Финишот на подиум во Баку беше неверојатно. По неколку тешки трки конечно дојдовме до резултат кој го заслуживме. Се потсетив на 2016 година кога имав тежок старт на сезоната и потоа дојде подиум во Монако.

Бевме навистиан брзи низ Баку од самиот почеток на викендот и знаевме дека имаме шанса за добар резултат. Горд сум на тимот и на начинот на кој го извозевме викендот. Иако моравме да влеземе во бокс во првиот круг, не престаневме да се бориме и не престанавме да веруваме – објасни Перез.

Лани токму на трката во Шпанија, Форс Индија стигна до својот најдобар резултат откако Серхио финишираше на 4то, а Естебан на 5то место. Во пресрет на трката, Перез смета дека ќе биде интересно да се спореди болидот со она што го имале пред три месеци за време на зимскиот тест.

Барелона беше наш најдобар тимски рзулта лани, така што никогаш не може да знаете што точно ќе се случи на трката. Се работи за патека кој многу добро ја познаваме поради тестирањето, но одтогаш болидот е многу променет и ќе биде интересно да се види разликата со промените кои ги имаме направено. За разлика од Баку, овдека претекнвуањето е многу тешко, така што ни требаат одлични квалификации.

Сепак, одлично е што се враќаме во Барселона и Европа затоа што е одлично место за нов почеток – заврши Перез.


Перез сака продолување со добрите резултати

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>