Перез сака да заборави на Монако

38

Серхио Перез смета дека престојниот тркачки викенд ќе надомести за разочарувачкото Монако пред две недели. Во кнежевството, мексиканецот се квалификуваше во последниот сегмент, но заврши надвор од поени на трка на која неговиот тимски колега дојде до 6то место.

Во Монако не дојдовме до резултатот кој го заслуживме, имавме проблем при менувањето на гуми кој целосно ја уништи нашата трка. Вториот дел од трката имавме добар ритам, но за жал беше невозможно да се претекне. Естебан покажа што може болидот да направи, а ние сметаме дека загубивме добра можност за поени. Секако дека бев разочаран што не дојдов до заслужениот резултат, болидот беше брз и не можев ништо повеќе од тоа. Стануваме се подобри со секоја измината трка – смета мексиканецот.

Откако минатиот викенд стапи во брак со својата девојка Карола, тој сака нов старт и многу подобра престојна трка во Монтреал.

Сакам да се вратам во болидот и да заборавам на Монако, уживам да доаѓам во Канада и имам одлични спомени од Монтреал. Завршив на подиум таму во 2012 година во една од највозбудливите трки во мојата кариера и генерално сум силен.

Навистина сум нетрпелив да се тркам таму затоа што тоа е навистина забавен настан и секогаш гледам многу мексиканци на трибините што е посебно за мене. Патеката не е лесна, има неколку кривини кои може да ве изненадат, и не е лесно да се комплетира чист и совршен круг.

Омилен дел секако дека ми е последната шикана каде се доаѓа од најдолгиот правец и мора навистина силно и во точен момент да се закочи. Лесно е да се згреши во пресрет на Ѕидот на шампионите или да се излета, што може да ви го упропасти кругот па и самата така.


Перез сака да заборави на Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>