Перез го напушта Монако со неубаво чувство

66

Серхио Перез смета дека со ритамот покажан во Монако, Форс Индија можеле да стигна до пласман во поени со двата болиди, но освен одличниот пласман на 6то место на Окон, мексиканецот заврши надвор од топ 10, односно на 12то место.

По проблемите при промената на задното десно тркало во боксот, Чеко загуби позиции, а Монако е патека која е претешка да се надоместат позициите, така што не можеше да си го врати пласманот.

При крајот на трката, Серхио сепак успеа да го мине Маркус Ериксон и за момент да се залепи зад Карлос Саинз, но не и да освои поени.

Разочаран сум затоа што не дојдовме до резултатот кој го заслуживме согласно ритамот кој го имавме. Имавме проблем при менувањето гуми и тоа ја уништи нашата трка.

Првата серија беше силна, добро ги менаџиравме гумите и притискавме силно пред запирањето по свежи гуми. Имавме одличен ритам и рано влеговме во боксот за да реагираме на тоа што се случуваше околу нас. Загубивме време во вториот дел на трката иако имавме задоволителен ритам.

За ќал, ова е патека каде претекнувањето е невозможно, бев побрз од болидите пред мене, но ви треба огромна предност за да претекнете особено земајќи ја во предвид ширината на болидите.

Го напуштам Монако со чувство дека загубивме поени, а Естебан покажа за што е способен нашиот болид денеска. Јас пропуштив одлична можност – објасни Перез.


Перез го напушта Монако со неубаво чувство

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>