Перез: Верстапен покажа дека не учи од своите грешки

248

Според Серхио Перез, сударот на Макс Верстапен во Монако е знак дека тој не учи од сопствените грешки. Сударот на Макс во оградата е неверојатно сличен во секој сегмент со неговиот судар од 2016 година, дури и местото е идентично.

На сите досегашни трки холанѓанецот имаше или судар или контакт односно инцидент со некој друг возач при што губи огромни поени на секоја Гранд При трка за разлика од сигурниот и доверлив Даниел Рикардо.

Таквите работи се случуваат, тоа не е спорно, но ако ви се случило и порано, тоа значи дека едноставно не учите од сопствените грешки.

Таква работа може да му се случи на било кој затоа што притискаме многу силно, но ако ви се случи два пати, тоа значи дека не размислувате и не учите.

Нашите тркала се поставени милиметри од бариерите и секако дека од пред телевизорот дома е многу полесно да се суди, но како и да е од грешките мора да се учи – смета мексиканецот Перез.

Промоцијата на Верстапен од Торо Росо во Ред Бул дојде токму по една серија од грешки на Даниил Квјат која наликуваше на оваа во која е Макс. Иако падокот почна да заговара дека на Макс му треба одмор, Фелипе Маса не смета дека тоа може да се случи.

Тој има огромен талент и секоја екипа ви посакала таков возач. Не е лесно да се најде толку талентиран возач, така што сигурен сум дека тој нема да биде уназаден во послаба екипа никогаш.


Перез: Верстапен покажа дека не учи од своите грешки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>