ОФИЦИЈАЛНО: Булие не е повеќе шеф на Мекларен

431

Директорот за трка на Мекларен, Ерик Булие, кој ја извршува функцијата од 2014 година, повеќе не е на чело на втората најтрофејна тркачка екипа во спортот. Во екот на сезонава во која перформансите на тимот се далеку од предсезонскит еочекувања, а во пресрет на домашната трка во Силверстон, Зек Браун ја прифати понудената оставка на францускиот тимски шеф и најави структурни промени во однос на персоналот.

Симон Робертс, Главен оперативен директор на Мекларен Рејсинг ќе го надгледува производството, инженерингот и логистиката, Андреа Стела е назначен за главен директор со фокус на перформансите и операциите на патеката, додека Жил де Феран ќе ја превземе новата улога на Спортски директор.

Мекларен најавуваат дека овие промени се почеток на нова програма која треба да донесе позитивние промени во лидерството на тркачката екипа. Тимот ќе продолжи да инвестира и да го привлекува најталентираното од инженерите, како во екипата така и надвор од неа, со цел да се вратат на чело на поредокот.

Перформансите на МЦЛ33 во 2018 година не се во согласност со очекувањата на било кој во Мекларен, особено не за нашите лојални фанови. Тоа не е вина на стотиците вработени и посветени луѓе во фабриката, причините се системски и структурни и тоа бара голема промена во компанијата.

Со денешната објава почнуваме да ги решаваме тие проблеми што сметаме дека е прва станица до враќање на нашиот пат до успехот.

Би сакал да ја искористам оваа можност од името на целата екипа да му се заблагодарам на Ерик за неговата работа и придонес до Мекларен и да му посакам се најдобро во иднина – гласи изјавата на првиот човек на компанијата, Зек Браун.

Ерик Булие исто така излезе и со свое кусо официјално соопштение:

Многу сум горд што работев со таква брилијантна екипа изминатите четири години, но признавам дека сега е вистинско време за мене да заминам од функцијата.

Сакам да им посакам на сите во Мекларен се најдобро во остатокот од сезонава и во иднина.


ОФИЦИЈАЛНО: Булие не е повеќе шеф на Мекларен

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>