Окон: Ќе освоиме поени во Шпанија

43

Естебан Окон е фрустриран поради фактот што мораше да се откаже во Баку уште во првиот круг, особено откако неговиот тимски колега Серхио Перез успеа да стигне до подиум, но смета дека викендот во Барселона ќе им донесе добри поени.

Французинот е убеден дека имал одличен ритам низ улиците на Баку поради што сударот со Кими Раиконен е лош момент за него.

Беше многу лошо што не успеав да ја завршам трката особено кога знаете дека болидот има одличен сриатам. Но, тоа е дел од тркањето и морам да гледам кон напред – призна Окон.

Претстојниот викенд ќе се вози трката во Шпанија, што е добро за Естебан кој многу добро го знае автодромот на кој се чувствува како дома.

Барселона е секогаш како дома за мене затоа што веројатно дека таа патека најдобро ја знам. Тестовите по трката исто така ќе бидат одлични и ќе помогнат многу.

Лани бевме добри овдека, а годинава напредувавме неколку чекори и главна цел се повторно поените – заклучи Окон.


Окон: Ќе освоиме поени во Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>