Окон сонува за подиум

44

Естебан Окон е свесен дека подиум во Монако е многу тешко за остварување ако не се склопат коцките, но возачот на Форс Индија ќе даде се од себе и ќе се обиде да стигне до топ 3. Французинот ќе ја почне трката од 6то место откако имаше мирни и силни квалификации.

Многу сум среќен затоа што денеска ја покажавме нашата сила и стигнавме до 6то место на гридот во Монако. Ова е најважната квалификациска сесија во годината и имаме добра можност да стигнеме до многу поени утре. Екипата направи голема работа за да го подобри болидот на секоја трка, а работата се исплатува.

Мојот круг во К3 не почувствував дека е најдобар во текот на викендот, но болидот работеше одлично и времето беше конкурентно. Не се занесувам затоа што уште има уште многу работа, сеуште ни треба добра работа на трка и да останеме надвор од проблеми – дециден е Окон.

Во врска со евентуален подиум, тој е свесен дека истиот нема да дојде сам, за тоа треба многу работа, но знае дека е во одлична стартна позиција.

Тој подиум секогаш е мој сон. Секако дека нема да биде лесно, но мислам дека сум во добра позиција.


Окон сонува за подиум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>