Окон: Првиот свиок со ДРС нема да е лесен

60

Естебан Окон признава дека со новата ДРС зона во Силверстон за прв пат нема лесно да се влегува во првиот свиок на легендарната патека. Младиот французин од Форс Индија чувствува дека според симулациите ќе биде невозможна да се мине со ДРС доколку се прати друг болид.

Нема да е лесно. Ќе видиме како е во живо, но мислам дека ќе биде предизвикувачки. Секако мислам дека никој со отворен ДРС нема да се доближи до друг болид. Мислам дека тоа нема да се случи и ќе биде интересно – смета Окон.

Неговиот колега Серхио Перез смета дека со новата ДРС зона болидите ќе се поделат во зависност од потисната сила и некои нема да може да одат до крај со отворен ДРС.

Ќе биде интересно да се види што ќе се случува со некои тимови на квалификациите и со колкава потисна сила ќе одат. Можеби ќе треба да успорат и да изгубат ДРС, но ќе видиме – заклучи Чеко.

Потисната сила е типична за болиди со добра шасија како Ред Бул, но останува да видиме дали Форс Индија ќе се снајдат.


Окон: Првиот свиок со ДРС нема да е лесен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>