Окон несреќен по поразот од Рено

70

Естебан Окон беше задоволен што повторно освои поени во Монтреал, но возачот на Форс Индија смета дека можеле да стигнат до подобар резултат.

Окон имаше одличен старт на трката, поминувајќи го Нико Хулкенберг од Рено. Предноста ја задржа се до влегувањето во бокс во 11от круг. За жал, подолгото менување на пневматиците им овозможи на двата болида на Рено да го претекнат, а Окон ја заврши трката позади обајцата.

Добро е што освоивме нови поени, но имавме потенцијал за повеќе. Стартот беше фантастичен и го претекнав Хулкенберг, што и беше целта и се најдов на 7та позиција.

Потоа имавме мал проблем во боксот, што не чинеше неколку секунди и на крај завршив позади двата болида на Рено – изјави Окон.

Иако Хулкенберг беше далеку од дофат, Окон беше мошне блиску до Саинз во последните неколку кругови, но маневар од шпанецот во последниот круг ги уништи амбициите на возачот на Форс Индија.

Направив се што можев да се борам и успеав да го стигнам Саинз во последните неколку кругови, но беше невозможно да го претекнам, откако тој ја скрати патеката и доби малку време кога јас го направив својот обид.

Штета е бидејќи стратегијата требаше да функционира. Ќе се фокусирам на позитивата, бидејќи ова беше силен викенд за тимот. Можеме да бидеме задоволни. Нашата форма беше конкурентна, но мора да продолжиме агресивно – додаде Окон.


Окон несреќен по поразот од Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>