Окон дециден: Атмосферата ќе биде легендарна

59

Естебан Окон со нетрпение ја чека специјалната атмосфера на Силверстон каде цели да ја продолжи својата низа од поени која ја почна лани. Французинот заврши на 8мо место лани, а сака истото да го повтори и годинава.

Тркањето во Британија е фантастично, нашата база е од другата страна на патот, таму минувам доста време во текот на годината, така што навистина се чувствувам како дома. Трката е многу значајна за екипата, има различна атмосфера од било каде и јас навистина уживам.

Секогаш добивам можност да го видам сите вработени во фабриката, но неделава ќе можам да минам повеќе време со нив затоа што сите ќе бидат на патеката. Ќе бидам во Силверстон цела недела и тоа е шанса да се работат многу работи – смета Естебан.

Окон смета дека патеката е легендарна, а предекнувањата предизвик иако тоа е место каде возачот може да направи вистинска разлика.

Самата патека е легендарна, многу е брза и има многу летечки кривини, бара многу од болидот, а возачот може да направи вистинска разлика. Уживам да ја возам.

Годинава патеката доби нов асфалт што е дополнителен момент на кој сите треба да внимаваат, претекнувањето не е лесно, а кривините број 5 и број 6 веројатно се најдобри места за тоа.

Маготс и Бекетс се посебни и фантастични за возење, а правците по нив значат шанса за претекнување ако сте доволно брз низ кривините. ИСто така мора да внимавате на времето, но прогнозите се дека неделава ќе биде многу топло, а јас всушност се надевав на малку дожд за да биде поинтересно.


Окон дециден: Атмосферата ќе биде легендарна

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>