Норис поласкан од интересот од Торо Росо

72

Официјалниот тест и резервен возач на Мекларен, Ландо Норис, призна дека е поласкан во врска со интересот од Торо Росо за неговите услуги. Тимот од Фаенца бара замена за Брендон Хартли откако новозеланѓанецот не ги испорача очекуваните перформанси и резултати.

Имињата на Паскал Верлејн, Антонио Џовинаци, Артем Маркелов, Џејк Денис, Шон Галаел и Роберт Кубица беа шпекулирани како евентуална замена на Брендон. Последен во тој список е и возачот на Мекларен, а тимот дури и официјално потврди дека одбиле понуда за возачот.

Поласкан сум од тоа што се пишува, но во моментов сум фокусиран на Формула 2 и посветен на Мекларен така што преговорите ги оставам на мојот менаџмент – потврди Ландо.

Во моментов Норис води во Формула 2 првенството возејќи за тимот на Карлин, откако претходно ја освои и Формула 3 титулата, а возеше и заедно со Алонсо на 24 часа Дајтона. Доколку Нандо одлучи да замине од екипата, Норис е најлогична негова замена.

Понудата на Торо Росо била за позајмица за следната година, што по автоматизам би го оставило без шанса да вози за Мекларен при евентуално заминување на Фернандо, но да не заборавиме и дека Стофел Вандорн ја одработува својата последна сезона од договорот со тимот.


Норис поласкан од интересот од Торо Росо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>