Норис задоволен од првото возење на новиот Мекларен

122

Ландо Норис уживал во двата денови тестирање за Мекларен во Шпанија што беа негови први во МЦЛ33 овогодинешниот болид на екипата. За два дена британецот комплетираше 156 кругови.

Ова беа добри два денови во кои уживав многу и беше кул да се вози новиот Мекларен за прв пат. Ова беа први мои кругови за тимот откако добив шанса да завртам само еден круг при промоцијата на болидот пред почетокот на сезоната.

Исто така ова беше мој прв на болидот со Рено мотор на фантастична патека. Болидот е одличен, многу брз и со многу потисна сила – изјави возбудениот млад возач на Мекларен.

Првиот ден Ландо тестираше за Пирели испробувајќи многу различни компоненти комплетирајќи 72 кругови.

Првиот ден беше тест за Пирели и се мина без проблем, но не смеевме да вршиме никакво сетирање на болидот и се мораше да остане како на почеток од тестот. На тој начин имав многу време да пробам различни работи за себе како и разликите помеѓу различните компоненти. Излегов од болидот само еднаш, комплетирав 76 кругови и немав никакви проблеми – појасни Норис.

Вториот ден тој комплетираше уште 80 кругови, но тестираше за Мекларен и беше насочен кон развој на МЦЛ33 болидот на тимот. Во однос на лани, Ландо смета дека болидот дефинитивно е подобар.

Вториот ден тестирав за Мекларен со особен осврт на новиот нос и забележав позитивни разлики споредено со ланксиот болид, така што овој е дефинитивно напреднат.

Од Формула 2 на Формула 1 болид деинитивно е голем чекор и тешко за навикнување, но новиот болид е одличен и ми дава многу самодоверба при возењето особено при притискањето во брзите кривини.

Не стигнав до сопствениот лимит, знам дека имам уште да “истиснам“ од себе, но тоа ќе дојде со искуството – заврши Норис.


Норис задоволен од првото возење на новиот Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>