Нов мотор за Ботас

458

Мерцедес потврди дека кај Валтери Ботас ќе стават нов мотор за Британското Гранд При како мерка на претпазливост  по откажувањето во Австрија. Новиот мотор е најавен пред тренингот денеска.

На трката во Австрија, Ботас се откажа по само 13 кругови поради проблеми со хидрауликата, а тимот веднаш започна со идентификување на проблемот. Од Мерцедес потврдија дека ќе го заменат моторот и тоа ќе биде негов трет оваа сезона.

Ова е трет мотор за Валтери како мерка на претпазливост поради високите температури од Австрија што ги искуси вториот мотор. Ова не значи дека нема повторно да го користиме тој мотор, но сепак тој е на дополнителни проверки во Германија. Нема да имаме казни бидејќи сеуште сме во дозволениот број на користени компоненти – гласи соопштението од Мерцедес

На Силверстон Ботас ќе користи трет мотор со внатрешно согорување, МГУ-Х и турбо, втор МГУ-К и со ова тој е на граница за грид каазна. Финецот ќе падне 10 места подоле доколку користи и други делови.


Нов мотор за Ботас

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>