Нови спонзори за Мекларен и Заубер од Монако

240

Екипите на Мекларен и Заубер потпишаа нови спонзорски договори пред почетокот на тркачкиот викенд во Монако.

Мекларен потпиша договор со FXPro, брокерска куќа од Лондон. Тимот вели дека договорот е со траење од неколку години.

Тие исто така потпишаа нов договор со Sparco до 2021 година. Нивното партнерство со производителот на заштитна опрема за тркање започна во 1996 година. Стофел Вандорн стана амбасадор на брендот и ќе помогне во развојот на новите производи во компанијата, како тркачки ракавици, заштитни појаси и слично.

Заубер исто така потпишаа нов спонзор. Axitea, италијанска компанија за интернет обезбедување. Тимот откако го започна партнерството со Алфа Ромео бележи зголемување во бројот на спонзори, како и дополнителна финансиска стабилност.


Нови спонзори за Мекларен и Заубер од Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>