Нови поени за Заубер и брилијантниот Леклер

241

Шарл Леклер испорача уште еден топ 10 финиш на патеката Ред Бул Ринг, негов петти во шест трки, a дебитантот во Заубер истакна дека трката во Австрија била негова најдобра досега во сезоната.

Леклер возеше агресивно од стратот откако изгуби пет позиции поради казна за промена на менувачката кутија. Но, неговиот ентузијазам доведе до губење на контрола над болидот уште во првиот круг, по што тој се најде надвор од патеката и на задниот дел од колоната.

Фокусиран ги надомести неколкуте позиции и успеа да влезе во топ 10 по неверојатна форма во останатите 54 кругови до крајот.

Направив грешка на почетокот што многу не чинеше и тоа е штета. По добар старт, паднав неколку места назад и ме чекаше тешка работа за да освојам поени.

Но по тоа, мислам дека ја имав најдобрата трка во сезоната. Беше многу возбудлив ден. Имаше многу случки на патеката, некои добри претекнувања, така што навистина уживав.

Стратегијата беше помалку тешка бидејќи преминав на софт пневматици мошне рано и беше тешко да се одржат до крај. Но успеав во тоа и освоив 2 поени – изјави Леклер.

Одличната трка за тимот на Заубер беше надополнета со солидно возење од Маркус Ериксон, кој се пласираше на 10то место. Воедно ова беше прв финиш со два болида во поени за екипата по Кинеското Гранд При во 2015 година.

Тимската работа беше на високо ниво кај швајцарците. Леклер го пропушти Ериксон во последниот дел од трката со цел швеѓанецот да се обиде да го претекне Алонсо. Но кога не успеа, Маркус му ја врати позицијата на Шарл.

Беше одлична трка. Имав убаво чувство во болидот и силна форма од стартот. Нашата стратегија беше добра. Имавме брзо менување во бокс и навистина сум горд на механичарите.

Ова е одличен резултат за тимот. Двата болида завршија во поени, особено по тешките квалификации. Сите можеме да бидеме горди. Навистина сум среќен за екипата и за себе. Одвај чекам на Силверстон, една од моите омилени патеки – изјави Ериксон.


Нови поени за Заубер и брилијантниот Леклер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>