Ники би ги натерал Макс и Дани да си платат за штетата

767

Доколку би го водел Ред Бул, Ники Лауда би ги натерал возачите да платат за штетата која ја предизвикале со сударот за време на Големата награда на Азербејџан.

Двајцата се бореа агресивно речиси цела трка, но во 40от круг претераа по што завршија еден во друг крај патеката и го оставија тимот без поени.  Потсетувајќи го на лудото ривалство во Мерцедес помеѓу Хамилтон и Розберг, Ники беше запрашан како тој би го изменаџирал овој настан.

Би ги викнал во канцеларија заедно со Тото и би им кажал колку помала плата ќе земат поради штетата која ја предизвикаа. Навистина го мислам тоа. Во Мерцедес еднаш помисливме на тоа, но не го спроведовме – откри Лауда.

Легендарниот австриски Формула 1 првак смета дека главен причинител на сударот бил младиот Верстапен.

Ова е катастрофа каква што ние имавме во Шпанија пред две години. По мене 70% од грешката е на Верстапен, а останатите 30% на Рикардо. Тој се движеше цело време лево-десно, каде да оди кутриот Рикардо зад него? – анализира Лауда.

Тото Волф размислува во иста насока и заклучува дека тим со двајца многу брзи и конкурентни возачи секогаш ризикува вакви работи на патеката.

Мора секогаш да ги потсетите дека освен тркањето за кое се тука, зад нив постои огромна структура која работи 24 часа на ден, 7 денови во неделата за да им овозможи најдобри можни болиди. Но, во исто време, не сакате нивниот борбен дух да исчезне.

Сум кажал и порано. Не може да имате две борбени кучиња крај себе, а да очекувате да се однесуваат како домашни миленичиња. Постојат многу позитивни, но и негативни работи од имање на двајца конкурентни возачи во екипата – појасн Волф.


Ники би ги натерал Макс и Дани да си платат за штетата

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Kabil Fejzullahu
    Kabil Fejzullahu
    Остави коментар

    Така треба Макс се преценува себеси а не е свесен колку болиди има скршено, тој мисли дека само тој треба да победи а другите што се по добри и по конкуренти од него не треба да победуваат. Очигледно ни ФИА ниту пак Ред Бул ништо не превземаат на нив изгледа оваа им одговара. Колку што се сеќавам овие и лани во Баку имаа ницидент!

  • Draganco Momiroski
    Draganco Momiroski
    Остави коментар

    во овај случај макс е 100% виновен не знам зошто ФИА не го казнува јасно ко ден е правилото не смеј два пати да менува правец во случај кога се брани!!!!!!!