Нереалниот Пјер Гасли критичен кон казната

68

Возачот на Торо Росо, Пјер Гасли, порача кон Формула 1 стјуардите да “престанат со глупавите казни“ откако му беа одземени поените по Британското Гранд При.

Гасли беше во дуел со Серхио Перез во последните мигови од трката во Силверстон и го претекна возачот на Форс Индија за пласман на 10то место, но откако направија контакт.

Стјуардите одлучија дека иако потегот на Гасли беше разумен, сепак тој беше виновен за судирот.

Гасли премина преку високата ивица во свиокот 16 и придонесе кон судар со Перез. Тоа го истурка Перез надвор од патеката пред свиокот 17 и ги уништи неговите шанси, со што Гасли беше во можност да го претекне.

Според стјуардите, Гасли беше целосно виновен и иако инцидентот беше не толку сериозен, доведе до претекнување. Поради тоа стјуардите доделија казна од 5 секунди – гласи одлуката на стјуардите.

Гасли го сподели своето мислење на социјалните мрежи и ја нарече казната “смешна“ пред да го истакне следното:

Секој виекенд има вакви контакти, без дополнителни казни, тоа е дел од тркањето и тоа што го прави возбудливо!

Беше блиска битка, уживав во тоа. Оставете не да се тркаме и престанете со овие глупави казни! Ќе продолжиме да се бориме – смета Гасли.

Поради казната, Гасли падна од 10то на 13то место, а со тоа, Перез освоеи поен со пласман на 10то место.


Нереалниот Пјер Гасли критичен кон казната

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>