Нема недоразбирања помеѓу Гасли и Хартли

43

Возачите на Торо Росо, Пјер Гасли и Брендон Хартли, инсистираат дека нема несогласувања помеѓу нив по двата инциденти на двете последни трки оваа сезона. Во Кина имаше недоразбирање во момент кога Хартли го пропушташе Гасли, додека на квалификациите во Баку можеше “бељата“ да биде уште поголема, но истата беше избегната благодарение на одличниот рефлекс на французинот.

По Кина, се беше во ред. Дури и сега воопшто не го обвинувам него затоа што тоа не беше таква ситуација и не беше негова грешка. Ја разбирам позицијата во која се најде и знам дека е многу тешко да се справите со тоа.

Едноставно, пристигнав на тоа место со огромна брзина затоа што таква е патеката. Сигурен сум дека следниот пат ако се случи нешто такви многу побрзо ќе реагира и ќе се тргне од идеалната траекторија. Секако дека екипата ќе научи од овие грешки, иако сигурен сум дека не беше лесна ситуација за справување – смета Пјер.

Возачот од Нов Зеланд смета дека инцидентот од Азербејџан беше целосно друга приказна од она што се случи во Кина.

Пјер целосно ја разбра ситуацијата и не се налути порад итоа. Знаеше дека немам никаква намера да го уништам неговиот круг.

Подобро е да го прашате него, но сигурен сум дека знае зошто бев толку бавен и се обидував да го разберам проблемот кој го имав во болидот и поради тоа не видов дека доаѓа. Знае дека немав никаква намера.

Ситуацијата во Кина беше целосно различна. Ова беше последица од дупнатата гума и забавувањето беше токму поради тоа. Се се случи многу брзо, не бев свесен дека е толку блиску зад мене и поради тоа толку бавно се тргав од тркачката линија. Нема никаква врска помеѓу инцидентот од Баку и од Кина – смета Хартли.


Нема недоразбирања помеѓу Гасли и Хартли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>