Неверојатниот Леклер продолжува да изненадува

184

Возачот на Заубер Алфа Ромео, дебитантот Шарл Леклер, искористи од хаосот во Азербејџан, а прито извозе безгрешна трка за да дојде до своите први поени во голем стил, преку 6то место. Возачот од Монако ја почна трката од 13то место, но до 10от круг успеа да стигне до 8то место.

Беше константен во своите перформанси и стратегијата со едно застанување во боксот напредуваше и понатаму. 20-годишникот остануваше надвор од инцидентите и дојде до најдобриот пласман за тимот по 5то место на Фелипе Наср во Русија пред три години.

Имав навистина неверојатна трка денеска и пресреќен сум од резултатот. Имаше многу настани и инциденти на патеката со што предизвикот беше многу поголем исто како и забавата.

Се чувствував убаво во болидот и направив се што можам за да напредувам на врвот од средината на поредокот како што одминуваше трката. Чувството да се освојат првите поени во Формула 1 кариерата е неверојатно добро.

Можеме да го видиме потенцијалот на тимот и добро знаеме кои се нашите силни страни. Задоволен сум и нетрпелив да продолжиме со позитивни работи – изјави возбудениот Леклер.

Полн со пофалби за својот млад возач е и Фредерик Васур, шефот на екипата од Хинвил.

Шарл ги освои своите први Формула 1 поени денеска со финишот на 6то место. Имаше силен ритам и константно добри перформанси. Ова е огромен чекор за него и може да се гордее со псотигнатото.


Неверојатниот Леклер продолжува да изненадува

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>