На Кими “му чуе“ за шпекулациите околу Мекларен

2822

Возачот на Ферари, Кими Раиконен изјави дека нема никаков интерес и е целосно незасегнат за својата Формула 1 иднина откако медиумите почнаа да шпекулираат дека следната година ќе мине во Мекларен.

Овие пишувања се појавија откако првично новинарите пренесоа дека Скудерија сериозно размислува следната година во својот болид крај Ветел да го смести младиот Шарл Леклер.

Во 2007 година реков дека сакам да ја завршам кариерата во Ферари, иако тогаш тоа не изгледаше можно, но сега не е така. Никогаш не знаете што следува, ќе видиме, како и секогаш има многу зборување и пишување, а јас не сакам да коментирам ништо од тоа.

Секако дека сум зборувал со Мекларен многу, но тоа беше во минатото кога возев за нив. Како што реков, немам никаков интерес да се впуштам во такви смотани коментари. Ионака новинарите не прашуваат многу за нашето мислење во врска со некои работи така што и овој пат напишете што сакате. Вообичаено пишувате тоа што самите сакате, така напишете и овој пат – изјави Раиконен на прес конференцијата во пресрет на трката.

Во текот на своите 5 години минати со Мекларен од 2002 до 2006 година, финецот има победа на 9 трки, пред да го напушти Вокинг и да замине за Маранело. Во моментов Мекларен бара можна замена доколку Фернандо Алонсо се реши да го напушти тимот на крајот на оваа година, а како една од опциите се споменува и името на Даниел Рикардо.


На Кими “му чуе“ за шпекулациите околу Мекларен

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>