Најава: Канада

112

Седмата годинешна трка не води на нов континент, Северна Америка, каде годинава се вози Формула 1 трка број 49 во Канада, а 39та на патеката Жил Вилнев во Монтреал.

Канадското ГП датира од 1961 година, а по само 6 години постоење веднаш влегло во Формула 1 календарот, поточно во 1967 година. Се до 1978 година трката се одржувала во Моспорт и на патеката Монт Требланд, а потоа е одомаќинета на островот Нотр Дам и патеката Жил Вилнев во Монтреал.

Првата Формула 1 трка на канадско тло ја доби Џек Брабам со 1-2 за својата екипа, додека првата трка во Монтреал ја доби миленикот на домашната публика, Жил Вилнев со своето познато Ферари. По неговата смрт во 1982 година, патеката постхумно го доби неговото име.

Патеката е долга 4,361 км и има капацитет да собере 100.000 посетители. Изградена е на островот Нотр Дам, вештачки и наменски направен остров за изгрдба на Саем. На стартно целната рамина се стигнува до 300 кмч, а потоа следи силно запирање за Вираж Сена комплексот на свиоци каде брзината се намалува под 100 кмч и се вози во 2от степен на пренос. Тој дел веднаш се спојува со излезот од боксовите, место каде често пати има интересни моменти и блиски средби. Следува правец на кој се стигнува до околу 260 кмч, потоа повторно шикани, па брз правец со летечкиот 5ти свиок и се разбира, повторно шикани. Следува нов правец на кој се стигнува близу 300 кмч, а потоа летечки шикани кои буквално се прелетуваат со над 200 кмч. Потоа е поставена детекцијата за првата ДРС зона на правецот пред шнолата каде се стигнува до 300 кмч и се кочи до 100ка. Шнолата е местото каде не поминува трка без инцидент, патеката таму е најширока, а возбудувањата најголеми. Потоа следува последниот спринт каде се стигнува до 320 кмч, се наоѓа првата ДРС зона и има најмногу место за претекнување. Следуваат бавни шикани на кои често има блиски средби и потоа фамозниот Монтреалски Ѕид на шампионите каде болиди на многу великани завршувале трка. На крајот се излегува на стартно целнтата рамнина, нешто што се повторува 70 пати во текот на трката.

Ѕидот на шампионите е најатрактивниот дел од оваа патека. Блиска средба со последниот свиок во 1999 година имаа Дејмон Хил, Михаел Шумахер и Жак Вилнев (сите со титули од Формула 1) по што кривината и заштитниот ѕид до неа го добија тоа име. Рикардо Зонта (ФИА ГТ Спорткар првак), Нико Розберг (ГП2 и Формула 1 шампион), Хуан Пабло Монтоја (КАРТ првак) и Себастијан Ветел (четирикратен Формула 1 првак) се дел од “жртвите“ на прославениот ѕид.

Канадското ГП во 2005 година ќе влезе историјата како трет најгледан спортски настан таа година, по НФЛ Супербол и финалето на УЕФА Лигата на шампиони. Во 2009 година Канада за прв пат остана без трка во Формула 1, а по отстранувањето на трката во САД две години порано прв пат од 1950-та година Северна Америка немаше Формула 1 трка. Подоцна истата година, организаторите и промотерите во Монтреал направија подобрувања на патеката, Канада се врати во календарот во 2010 година со петгодишен договор, а неодамна доби и нов десетгодишен договор со важност до 2024 година.

Голема награда на Канада во 2017 година

Михаел Шумахер е апсолутно најдоминантниот возач на оваа патека со 7 победи, додека Луис Хамилтон има победа помалку и со евентуален триумф може да се изедначи со Шуми. Од активните пилоти, Ветел, Раиконен и Алонсо имаат триумф на Жил Вилнев. Летечкиот германец токму тука дојде до првата победа за Ферари во 1996 година.  Со ланската пол позиција Луис Хамилтон се изедначи со “црвениот барон“ по бројот на саботните триумфи со по 6, а 2017 година беше и годината кога Хам стигна до својата 65та пол позиција колку што има и легендарниот Сена. Само уште Ветел и Алонсо од активнит евозачи имаат тргнато од првото место во Монтреал. Во однос на подиумите, Шумахер има 12 на број , пред Хамилтон со 7.

Кај конструкторите, 3те историски најсилни тимови се на првите 3 места, Ферари има 10 победи, Мекларен 9 триумфи, а Вилијамс 7. Во однос на пол позициите, Вилијамс и Мекларен се изедначени со по 8, а Скудерија има 2 помалку. Скудерија е водечка и кај подиумите со 30, десет помалку од Мекларен и Вилијамс.

Хамилтон е лидер во поредокот со 14 поени предност пред Себастијан Ветел, а германецот има 24 поени позитива пред Даниел Рикардо кој победи на последната трка. Ботас го превзеде 4то место од Кими Раиконен и “му бега“ 8 поени. Кај конструкторите, Мерцедес е во позитива од 22 поени, додека Ред Бул заостанува дополнителни 49 зад Ферари.

Фернандо Алонсо ќе настапи на својата 300та трка, Себастијан Ветел е во потера по својата 50та победа, Хамилтон ја чека 75та пол позиција, а Рикардо својот 30ти подиум. Тимот на Ред Бул цели на 60та пол позиција откако триумфираа во Сабота на последниот Гранд При викенд во Монако.


Најава: Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>