Најава: Велика Британија

144

Трката број 10 која сезонава се вози во Велика Британија. Големата награда на Велика Британија, трката во Силверстон, Нортхемптоншир, Англија, заедно со Италијанското ГП на славната Монца се двете најстари трки кои без пауза се во Формула 1 календарот. Тркачкиот циркус гостува таму од 1987 година, претходно “домаќинлукот“ беше делен со Брендс Хеч, а дел од почетоците на Британското ГП се врзани и за Бруклендс. Годинава ќе биде 69то издание на Големата награда, а 52rо издание на трката во Силверстон.

Како и сите Британски пост-воени патеки и Силверстон беше изграден на територија на поранешна база на Британската армија. Првата трка на патеката се одржала во 1948 година, а веќе во 1950 година Формула 1 ја имала својата премиера токму во Силверстон. Првата трка на островот ја добиле италијанци, Џузепе Фарина и неговата Алфа Ромео ги зеле почестите. Трката во 1952 година е историска по тоа што аргентинецот Хозе Фраилан ја донел првата победа на најтрофејната Формула 1 екипа во историјата, Скудерија Ферари.

Силверстон и Аинтре се изменуваа во календарот од 1955 до 1962 година. Во 1955 година, Мерцедес дојде до првите четири места на трката, со Мос и Фанџо на чело. 1957 година “тепаше“ Мос со Ванвал, што е прва победа на болид конструиран во Британија, што добива на тежина ако се земе во предвид дека денеска речиси сите тимови се сместени токму таму.

Брендс Хеч и Силверстон се менуваа од 1962 година до 1986 година. Во 1976 година, Џемјс Хант беше дисквалификуван по протест од Ферари дека не го комплетирал првиот круг, две години подоцна Клеј Рагацони ја донесе првата победа на Вилијамс во Формула 1, а во 1981 година Џон Вотсон триумфираше со Мекларен, прва победа на болид од карбон. Во 1985 година Кеке Розберг го постави рекордот кој беше на сила 17 години, квалификациски круг со просечна брзина од 258,983 кмч.

Од 1987 година Силверстон не дели ништо со никого. Таа година домашниот возач Најџел Менсел победи на трка не променувајќи ги своите гуми и поставувајќи најбрз круг 11 пати. 1990 година беше последна година на ултра брзиот стар Силверстон, каде сите свиоци освен шиканата Бриџ се минуваа во 4та или 5та брзина. Веќе во 1991 година, патеката беше комплетно променета, а единствено свиокот Копс беше идентичен. Во 1992 година, професорот Прост ја забележа својата јубилејна 50та победа токму тука.

1999 година ја паметиме по праволиниското излетување на Шумахер, кога ја скрши ногата, 2003 година по долгата прошетка на Корнелиус Хоган по патеката кога едвај беше фатен од редарите. Средината на првата декада на овој век беше тешка за организаторите проади долгите преговори помеѓу нив и Берни за големите суми кои ги плаќаа за организација и за модернизацијата која требаше да се направи. Донингтон требаше да влезе во календарот од 2010 година, но повторно финансиите не го дозволија тоа. Актуелниот договор на англичаните е до 2027 година, но тие ја искористија клаузулата од договорт согласно која оваа година им е последна трка. Шпекулациите велат дека преговорите со Либерти Медиа се во тек.

По 2011 година стартот на патеката е преместен помеѓу свиоците Клуб и Аби. Максималната брзина на стартно целнтата рамнина е близу 300 кмч по што следува десниот Аби, веднаш потоа налево во Фам и силно кочење во втора за Вилиџ. Следува уште побавниот Луп, а потоа летечкиот лев свиок Аинтре по којшто следува правецот Велингтон и првата ДРС зона. Овој правец е конструиран во 2010 година со една цел, да се зголемат претекнувањата на патеката. Следуваат две долги кривини кои се минуваат во втора пред летечкиот Вудкок да ги лансира болидите до 300 кмч на старата стартно целна рамнина. Потоа на ред е летечкиот Копс, ултра тешкиот свиок кој се прелетува со 280 кмч, за да се дојде до летечкиот комплекс Маготс – Бекетс – Чапел, каде болидите не “се спуштаат“ под 200 кмч. Правецот Хангар не носи до 15та кривина Стоув, која се поминува во 4та со 200 кмч. На краткиот правец кој следи, болидите развиваат близу 275 кмч и силно кочат до под 100 кмч за левиот свиок Вале, а потоа и комплексот Клуб кој се наоѓа на надолнина и од каде се излегува на стартно целната рамнина. Формула 1 патеката во денешната конфигурација е долга 5.891 км, има 18 свиоци, а победува тој што прв ќе комплетира 52 кругови.

Големата награда на Британија во 2017 година

Земајќи ги во предвид трките одржани на Силверстон, Прост има 5 победи, Луис Хамилтон 4, а од активните пилоти Алонсо има 2 победи, а двоецот на Ферари по една. Кај пол позициите, Хамилтон има најмногу, дури 5, по 3 имаат Кларк, Мансел, Хил и Алонсо, а од активните возачи Себастијан Ветел има две квалификациски победи, Кими Раиконен 1. Михаел Шумахер дури 7 пати се има искачено на подиумот во Силверстон, а подиуми имаат сите возачи од топ 3 екипите во првенството.

Најуспешна екипа во Силверстон е Ферари со своите 13 победи, една повеќе од Мекларен, додека кај пол позициите Вилијамс и Ферари се “егал“ со по 11 саботни триумфи. Италијанците имаат дури 41 подиум, 14 повеќе од домашната екипа на Мекларен.

Со пол позицијата во Австрија, Валтери Ботас стигна до својата 3та и следна ќе значи изедначување со 4те пол позиции во кариерата на Макс Верстапен. Евентуален подиум на Кими Раиконен ќе значи негов 97ми и зедначување со Фернандо Алонсо, додека Даниел Рикардо “го брка“ својот јубилеен 30ти подиум. Ред Бул веќе подолго време чека на својата 60та пол позиција,

Водството на Луис Хамилтон во генералниот поредок траеше само една недела затоа што Ветел по Австриското Гранд При повторно се врати на врвот со поен предност. Кими со одличното второ место се искачи на 3то место во поредокот со 44 поени заостаток зад возачот на Мерцедес. Даниел Рикардо е 5 поени зад Раиконен, Верстапен е само 3 зад својот тимски колега, а Ботас е поен зад холанѓанецот. Кевин Магнусен е на фантастичното 7мо место со поен предност пред Фернандо Алонсо, а три поени предност во однос на Нико Хулкенберг. До своите први поени од Јапонија лани дојде и Роман Гросжан, 12 поени кој го вивнаа на 15то место со само поен зад Леклер.

Во конструкторскиот поредок по катастрофата за Мерцедес од Австрија, тие го загубија врвот и во моментов се 10 поени зад Скудерија, но 48 пред Ред Бул. Рено останаа на 4то место, а фантастичниот пласман на Хаас ги однесе на 5то место со 49 поени, 5 повеќе од Мекларен, а 7 повеќе од Рено. Торо Росо се 8ми со три поени пред Заубер кои имаат двоен финиш во бодови денеска.


Најава: Велика Британија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>