Моторот на Нико од Австрија – во канта

175

Нико Хулкенберг нема да има можност повторно да го користи моторот кој се запали во текот на Големата награда на Австрија, потврдуваат од Рено.

Германецот успеа да комплетира само 12 кругови по Ред Бул Ринг пред да му откаже турбото, а поради тоа Сирил Абитебул изјави дека ќе донесат подобрување кое ќе го отстрани тој проблем. По трката, шефот на Рено изрази надеж дека моторот ќе може да се користи а турбото не, но во пресрет на тркачкиот викенд ФИА потврди дека Хулкенберг добил целосно нов агрегат.

За жал моторот е готов. Кога откажа турбо полначот беа вшмукани некои парчиња во моторот и тоа направи голема штета поради што истиот не може повторно да биде користен – изјави техничкиот шеф на Рено, Ник Честер.

Со оглед на тоа што во болидот на Хулк ќе биде вградена нова, последна спецификација од моторот ќе следуваат казни.


Моторот на Нико од Австрија – во канта

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>